Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Се знае кога се користи знаме на етничка заедница
Македонија

Заев: Се знае кога се користи знаме на етничка заедница

мај 2, 2019Updated:мај 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Законите во нашата земја се јасни и прецизни и тие треба да се почитуваат. Се знае кога се користи знаме на етничка заедница и во какви околности, со кои димензии една третина, две третини и си има обележје како тоа се користи. Постојат закони и
толку години зборуваме како се користи знамето и треба да се научиме дека треба да се почитуваат законите комплетно, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање како ја коментира изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека законот дозволува поставување албанско знаме насекаде по поставувањето на истото на Самоиловата тврдина во Охрид од страна на граѓанин на Косово.

На прашањето зошто не се доволно искористени средствата што ги дава државата за поддршка на мали и средни претпријатија, премиерот одговори дека има повеќе причини за тоа.

„Еден дел е неверувањето и стравот на луѓето дека тоа е само политика и е комплицирано и доколку аплицираат нема да им дадат и не аплицираат.

Вториот дел е дека ќе дојде некоја контрола и ќе направи контрола на фирмата и не може да се добијат. Денес разјаснивме некои работи:кога се аплицира не доаѓа контрола, не треба да се плашат и парите се 70 милиони евра и жално е да останат неискористени. Неуспешна е Владата во реализацијата на тие пари, а државата останува и помалку за одредени индустриски капацитети кои треба да бидат искористени, одговори Заев.

Додаде дека лани од Струмичкиот регион такви средства добиле 10 компании, но тоа не било доволно и ги повика компаниите да аплицираат повеќе.

Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ одговори на понудата на Министерството за правда во врска со забелешките за СЈО, претседателот на Владата одговори дека опозициската партија чека да поминат изборите и оти Парламентот нема кога да заседава.

„Јас веќе сум подготвен од 6 мај натаму и јас да се вклучам, но верувам дека прво министерката за правда ќе ги допрецизираат сите овие детаљи околу разговорите.Целта е ако можеме да завршиме до 10-15 мај би било добро, заради тоа што извештајот на Европската комисија се затвора, одговори Заев.

Во врска со одлуката да не се запишуваат во градинка и училиште децата кои не се вакцинирани против мали сипаници, премиерот Заев истакна дека останува таа одлуката, бидејќи стравот од епидемија бил огромен.

„Гледате дека и претседаелот Трамп апелираше за Америка и во многу други земји. Сериозна е работата. Не е некој да прави свој интерес, односно чисто од суета или каприц воведува вакви мерки. Уште еднаш апелирам да се почитуваат укажувањата на институциите, бидејќи имаат своја потреба и суштина, а за детаљите ќе мора да го прашате министерот за здравство. Јас колку што знам мерката е јасна и прецизна и не е дозволен упис во детските градинки и основните училишта без потврда за вакцинација, рече на крајот премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања во Струмица, каде заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев беше на средба со стопанственици.

актуелно етничка заедница Заев знаме користење
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.