Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев се согласува со Радев за потребата од дијалог меѓу Скопје и Софија, очекува исчекор од новата бугарска влада
Македонија

Заев се согласува со Радев за потребата од дијалог меѓу Скопје и Софија, очекува исчекор од новата бугарска влада

јули 13, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Се согласувам дека прашањата се решаваат билатерално во Скопје или во Софија, изјави премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја изјавата на претседателот на Бугарија Румен Радев дека политиката на Бугарија кон Северна Македонија зависи од отворен и конструктивен дијалог меѓу двете земји.

„Многу често претседателот Радев кажува дека тоа не се решава во Брисел или Вашингтон и јас се согласувам – тоа се решава во Скопје или во Софија, билатерално, а пријателите што нè храбрат да изнајдеме решенија се секојпат добредојдени. На работниот состанок на 17 јуни мислам дека ги адресиравме сите детали, важни за нашата страна, важни за бугарската страна. Надежта останува да се оформи бугарскиот парламент и, пред сè, да се оформи политичка влада која ќе раководи со извршната власт на Република Бугарија, затоа што прашањето во Брисел се адресира преку Владата и верувам дека на вака заокружени решенија многу брзо ќе почне имплементацијата на патоказот кој носи добробит на граѓаните на двете земји во различни области, истакна Заев на прес-конференција.

Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот рече дека негова желба е Република Бугарија да формира Влада заради потребите на бугарските граѓани, но и затоа што од влада по вторите параламентарни избори ние очекуваме исчекор во решавање на проблемот.

„Во такви околности, се надевам дека ќе се формира Влада односно и трети избори, според мене, не гледам што ќе променат. Вторите избори менуваат нешто, имаат процент два, три – колку и да е промената, но дефинитивно политичката прагма вели дека треба да се биде рационален и да не се остава подолг период да се нема влада. Очекувањата ми се 50-50 – дали ќе се формира влада или ќе се оди на нови избори, знаејќи какви се резултатите и како се поставуваат односите на сите полтички партии кои добија чест и одговорност од бугарскиот народ да учествуваат во парламентот. Засега на повидок нема некои коалиции кои би поддржале заедничка влада односно би формирале парламентарно мнозинство, рече Заев на прес-конференција на која соопшти за новиот Предлог-закон усвоен од Владата – за материјално обезбедување на уште 1100 стечајци до нивното пензионирање.

Прашан за коментар за изјавата на Слави Трифонов за „северномакедонец во вселената“, одговори дека Владата нема да праќа реакција на претседател на секоја политичка партија, но ако е потребно, рече, и тоа ќе го правиме затоа што „ние сме Македонци од Република Северна Македонија кои зборуваат македонски јазик“. Додаде дека верува оти се работи за незнаење зашто двете земји се пријателски и никогаш немале проблем.

„Ние сме Македонци, ние зборуваме македонски јазик, како што нашите пријатели или браќа се Бугари и зборуваат бугарски јазик. Очекувам да се коригира затоа што е, сепак, политичка партија која доби најголема поддршка од граѓаните на Бугарија, а должност ни е да градиме пријателство и да оставиме добри односи кои ќе бидат од бенефит за идните генерации, додаде Заев.

актуелно дијалог Заев Радев скопје Софија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.