Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретна со амбасадорот на Словачка во Македонија, Мартин Безак.
Тема на разговорот била потребата од деблокирање на демократските процеси, со коишто ќе се овозможи стабилност и развој на Република Македонија кон ЕУ и НАТО и квалитетен живот за граѓаните.
На средбата било нагласено дека решение мора да има низ почитување на демократските принципи и дека е неопходно сите институции, партии и поединци да овозможат мирен трансфер на власта, а се разговарало и за итните реформски приоритети што треба да ги реализира новата Влада.
Заев, меѓу другото, го информирал амбасадорот Безак и за тоа дека веќе постои Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија којашто била посветена на потребите на сите граѓани и на државните интереси преку развој на Република Македонија во демократска и современа земја со евро-атлантски перспективи.







