Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Со ваучерскиот систем ќе се зголемат средствата за помош на спортот
Македонија

Заев: Со ваучерскиот систем ќе се зголемат средствата за помош на спортот

април 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Досега имаме обезбедено шест милиони евра преку ваучерскиот систем за помош на спортот, но преговарам со министерот за финансии Драган Тевдовски за да може да зголемиме на 10 милиони евра. Доколку перформансите на Буџетот се зголемуваат сакаме да ја зголемиме таа бројка на десет милиони евра, рече премиерот Зоран Заев на одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот за развој и мир што се одржа денеска во Струмица.

Премиерот додаде дека досега се користеле 2, 3 и лани 5 милиони евра за спортот и сигурно е дека сумата ќе се зголеми.

„Втор убав момент е што рамноправно насекаде ќе се распределуваат овие средства. Обично тие пари досега стигнувале до големите клубови, најпознатите од било кој спорт, сега рамноправно по категориите на спортовите и по категории на лигашкото натпреварување, дали се во прва, втора, трета или општинска лига, на тој начин ќе бидат распределени и самите средства. Значи, за сите млади луѓе кои имаат намера да станат професионални спортисти ќе има дополнителни средства, наведе Заев.

Според него, спортот и физичкото образование се од исклучителна важност за секое општество и затоа се промовираат и поддржуваат политики со кои ќе се зголеми бројот на граѓани од сите возрасти, социјални групи и средини кои секојдневно ќе го применуваат спортот и спортско-рекреативните активности.

„Наша цел е да го зголемиме процентот на граѓани кои спортуваат од сегашните два процента од населението на 20 проценти, кои ќе бидат опфатени во „спортот за сите“. Наша намера е преку моделот на училишен спорт да го зголемиме бројот на ученици кои спортуваат од сегашните пет илјади на 50 илјади во основното и средното образование, истакна премиерот Заев.

На новинарско прашање колку тој спортува и рекреира одговори дека има многу малку време, но и покрај тоа го користи. Рече дека в недела вози мотор, а во Скопје секој четврток играл фудбал со министрите, но премиерот не бил редовен. Се надева дека во иднина ќе имал повеќе време за спортување за да биде подобро подготвен за секојдневните активности.

На настанот присуствувааа министерката за труд и социјална политика. Мила Царовска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и членови на Советот на општина Струмица.

Според министерката Царовска, важно е кога се зборува за инклузивно општество да се зборува дека таа инклузија на лицата со попреченост треба да се случи на сите нивоа од секојдневното живеење.

„Спортот е еден дел од нашето живеење и токму затоа овој ден е многу важно што го поздравуваме со директно вклучување во сите екипи кои денес се претставија има и лица со попреченост, рече министерката Царовска.

Градоначалникот Коста Јаневски истакна дека Струмица има долга спортска традиција и многу спортски ѕвезди излегле оттука и затоа општината секогаш има голема почит кон спортот и го негува, а тоа се докажува со континуирана поддршка на сите клубови.

На одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот за развој и мир во Струмица учествуваа неколку стотина деца и спортисти од различни спортски гранки и клубови.

актуелно ваучер помош систем средства
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.