Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев со неколку предлози до Касами за заеднички претседателски кандидат
Македонија

Заев со неколку предлози до Касами за заеднички претседателски кандидат

февруари 21, 2019Updated:февруари 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска по средбата со претседателот на опозициското движење Беса изјави дека разговарале за неколку предлози за можен заеднички  претседателски кандидат на претстојните избори за претседател на државата.

„На средбата со Касами и неговата придружба го презентиравме нашето барање за заеднички настап на изборите, преку детална анализа и поддршка на кандидат, име коешто е прифатливо за сите заради вредноста што ја добиваат сите граѓани и Република Северна Македонија, да се најде личност која ќе биде претседател на сите граѓани, добар претседател во духот на она што е иднината на земјата, а тоа се брза интеграција во НАТО и добивање датум за преговори со ЕУ, но и секако за актуелните прашања, како што се економијата, реформите и слично“, рече Заев.

Тој додаде дека од Беса, како опозициска партија, оставиле можност и за самостоен настап за што, вели, има разбирање и оти ги разгледуваат сите варијанти.

„Верувам дека не е невозможно, дека може да се стигне со поддршка на едно име кое без разлика дали е жена или маж, зад кое би застанале сите граѓани, а со тоа и ние политичките субјекти би зеле свој став за негова поддршка како кандидат за претседател на државата. Но, секако, одлуките ќе се носат врз основа на имињата, врз основа на личностите кои, согласно анализите што веќе постојат во државата, а ги прават скоро сите субјекти, ќе дадат добар аргумент за заземање став прво концепциски дали се застанува зад заеднички кандидат, а секако потоа и другите алтернативи“, рече Заев, изразувајќи став дека е добро тоа што го прават и дека има големи шанси многу политички субјекти во државата да застанат заедно зад заеднички кандидат.

На новинарско прашање кога да се очекува конечната одлука за изборот на конкретниот кандидат, Заев рече дека за тоа како партија одлуката треба да ја донесат пред конгресот, односно следната недела.

Тој не сакаше да коментира кој е поприфатлив кандидат за албанските партии и посочи дека сублиматот од сите анализи ќе го изнесат на површина идниот претседател на Република Северна Македонија.

Тој рече дека Беса не изнела услови во разговорите, туку дека ќе спроведат анализи за да утврдат што е најдобро за нив како опозициска партија, и оти првенствено ќе се водат од интересот на граѓаните, а со цел да се утврди дали има личност зад која би застанале граѓаните од сите етнички заедници и нивните поддржувачи.

актуелно Беса ЕУ Зоран Заев НАТО претседател на државата.
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.