Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Средствата за новиот Клинички беа предвидени од времето на ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Заев: Средствата за новиот Клинички беа предвидени од времето на ВМРО-ДПМНЕ

февруари 27, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Средствата за изградбата на новиот Клинички центар во износ од 480 милиони евра, произлегуваат од Физибилити студијата изработена од времето на ВМРО-ДПМНЕ, поточно од 2014 година, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Собранието на
Република Северна Македонија, одговарајќи на пратеничко прашање на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ, за тоа дека сумата за новиот Клинички е огромна и оти постои сомнеж дека парите ќе завршат, како што рече, „во нечии џебови“.

Таа посочи дека сумата е четири пати поголема од таа утврдена од претходната власт и ја запраша власта дали планира да гради вселенски брод со 480 милиони евра.

„Темата за изградба на новиот Клинички центар е отворена уште од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да продолжиме да решиме важен проблем во државата, поврзан со терцијарното здравство. Точно е дека бевме критични за решението за Клинички центар на старата локација, за која беа предвидени 85 плус 35 милиони евра, односно 120 милиони евра.

На крајот заврши со постапка, со потпишан договор, што беше поништен од сегашната Влада и се работеше за една зграда, рече Заев.

Посочи дека во рамки на постојниот Клинички центар сите други згради остануваат, се работи за една зграда или два објекти споени во еден објект, што дефинитивно, како што рече, претставува решение, за делумен дел на потребите и разликата е огромна.

„Физибилити студијата изработена во 2014 година од времето на ВМРОДПМНЕ е таа што предвидува 480 милиони евра. Немаме правено нови документации, таа е истата физибилити студија. Таа е појдовниот документ и е усвоена од државните институции во 2014 година, и е документ врз кој потоа се градат сите други постапки. Платени се државни пари, дел се грант за нејзина изработка, истакна премиерот.

Заев ја повика опозицијата да се вклучи во овој проект, во стручни комисии и заедно да ги спроведуваат сите постапки. Рече дека тоа е џиновски проект важен за сите граѓани, за кој побарале и поддршка од австриската Влада.

„Наша желба е ако може уште оваа година да се почне со изградбата на Клиничкиот центар. Локацијата е веќе утврдена од страна на Владата, тоа е на влезот кон Скопје, од страната на Тетово, надвор е од урбанистичкиот план, обезбеден е со цела инфраструктура, достапен лесно поради обиколницата…, Нема ништо од утврдување вредности, освен тие предвидени со Физибилити студијата, додаде Заев.

Затуроска реплицираше дека е невозможно толку огромен проект да почне да се гради до крајот на годината, и оти за почеток на градба се потребни најмалку една година и половина, како и тоа дека власта нема ниту финансиски план за да ја отпочне изградбата на новиот Клинички центар во толку кус период.

актуелно вмро-дпмне Заев Клинички центар средства
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.