Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Турција е еден од нашите најголеми пријатели и наскоро ќе го ратификува протоколот за НАТО
Македонија

Заев: Турција е еден од нашите најголеми пријатели и наскоро ќе го ратификува протоколот за НАТО

јуни 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Република Турција е еден од нашите најголеми пријатели и нивните очекувања се кога ќе завршат сите политички изборни процеси, тие ќе ја отпочнат процедурата за ратификација н протоколот за членство на нашата земја во НАТО, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање кога се очекува Анкара да го
ратификува протоколот.

Заев на прес-конференцијата по завршувањето на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, за ратификацијата од страна на Турција, се повика и на изјавата на потпретседателот на турската Влада дека тие продолжуваат со поддршка на нашата земја и во најкус можен рок ќе го ратификуваат овој протокол.

„Нашите министерства за внатрешни работи, за правда, соработуваат и за другите отворени прашања, таа соработка продолжува согласно сите меѓународни стандарди, кажа Заев уште еднаш истакнувајќи дека Турција е еден од нашите најголеми пријатели, изразувајќи уверување оти тоа ќе го докаже и овој пат.

Генералниот секретар Столтенберг одговарајќи на прашање за присуството на НАТО во Косово појасни дека таму се присутни преку Мисијата КФОР со задача да креираат мир и безбедност и да ги заштитат сите заедници вклучувајќи ги и Србите.

Нагласи дека имаат блиска соработка со сите заедници што живеат на Косово.Тоа ни е задачата, потенцира, тоа ни е мисијата во Косово.

Според него, има потреба и од политичко решение и затоа го поддржуваат дијалогот меѓу Приштина и Белград затоа што на долг рок тоа е единствениот начин да се решат разликите кои постојат.

Во тој контекст, нагласи Столтенберг, она што го договорија премиерот Заев и грчкиот премиер Ципрас е модел и за Косово и за целиот регион затоа што покажува дека е возможно да се надминат историските разлики и несогласувања.

„Да не се заборави минатото, но притоа да не се уништува иднината.

Преспанскиот договор и напредокот што го направи Северна Македонија со Договорот со Грција е важен за земјата, но исто така е голема инспирација да биде модел за целиот регион да ги надминат разликите и да се придвижат кон иднината заедно, истакна на прес-конференцијата генералниот секретар на НАТО Столтенберг.

актуелно Заев НАТО турција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.