Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев ќе одмара во Охрид, Шеќеринска во Грција, Таравари во Бугарија…
Македонија

Заев ќе одмара во Охрид, Шеќеринска во Грција, Таравари во Бугарија…

јули 31, 2017Updated:јули 31, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, годишниот одмор ќе го користи од 3 до 6 август и со своето семејството ќе престојува во Охрид. Доколку дозволуваат работните обврски, ќе искористи и дел од викендите во текот на август.

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска Јанковска, ќе искористи пет дена за одмор со семејството кој ќе го помине во Грција.

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, за одмор ќе ги користи само викендите во август, без одредена дестинација.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, нема да користи класичен одмор, но доколку дозволат работните обврски, ќе искористи неколку викенди, најверојатно во Албанија.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, неколку дена со семејството ќе престојува во Грција, а министерот задолжен за комуникации транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, нема да користи официјален одмор, но ќе ги искористи викендите од август за да помине денови со семејството на локации во Македонија и Грција. Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе летува во Бугарија.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, својот одмор ќе го искористи во август, а локацијата се уште ја нема утврдено.

Во Грција на неколку денови одмор со семејството ќе отпатува министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, а во соседна Албанија и во Струга ќе одмора министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми ќе искористи четири дена за одмор во Грција, а планира еден викенд да одвои и за Опен Фестивалот во Струмица. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, одморот со времетрање од пет дена ќе го искористи во текот на август, а локацијата се уште ја нема утврдено.

Пет дена ќе искористи и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, на локација близу Солун во Грција. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе искористи денови во текот на август, но сè уште не одлучил на која локација.

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Рамиз Мерко ќе помине неколку денови со семејството во родната Струга. Министерката без ресор за странски инвестиции Зорица Апостолска ќе ја искористи последната недела од август да оди на одмор со семејството и ќе ги посети фамилијарните куќи во Отешево и Лазарополе.

Два продолжени викенди во текот на август ќе искористи министерот без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ. Одмор нема да користи министерот без ресор задолжен за подобрување на состојбата на Ромите, Самка Ибраимовски.

Испланиран одмор, до сега немаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, министерката за образование и наука Рената Тренеска Десковска, министерот за правда Билен Саљији и заменикот на претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика.

Одмор нема да користи министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил.

актуелно бугарија Влада на РМ Грција м охрид
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.