Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Ќе се стимулира побарувачката на тутун и ќе се стабилизира прилепскиот комбинат
Земјоделство

Заев: Ќе се стимулира побарувачката на тутун и ќе се стабилизира прилепскиот комбинат

декември 26, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Откупот на тутунот се одвива непречено, без проблеми. Реколтата е квалитетна и досега е постигната просечна откупна цена од 209,5 денари и заедно со субвенцијата која во рокот ќе се исплати, тутунарите во просек од годинашнава реколта ќе добијат 269 денари или 4,4 евра, што се достоинствени приходи.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев кој со министерот за земјоделство Љупчо Николоски, со земјоделскиот инспекторат и со надлежните во откупот на тутунот беше на терен во посета на откупните пунктови на „Сокотаб“ во кривогаштани и на градскиот пункт на прилепскиот тутунски комбинат.

„Од разговорите со земјоделците ова е убава година за земјоделците, главно поради високиот квалитет на родот. Со просечната цена од 209,5 денари и субвенцијата од 60 денари тутунарите годинава стигнаа до просечна вкупна цена Од 269 денари што е достоинствен приход. Земјоделците велат дека од десет хектари колку што во просек произведуваат и со просечни 1.600 килограми по хектар, тоа е 7.000 евра приход за тутунарите. Просекот по семејства кои рааботат е 7-8 декари и околу 5.000 евра приход, што е многу битно зашто од тутунот во земјава живеат 30.000 семејства или околу 100.000 жители, рече Заев.

Тенденција на Владата е да се зголеми побарувачката на тутунот што ќе ја зголемува и цената, да има поголема конкуренција, а се најавува за новата реколта и да се стабилизираат состојбите во прилепскиот тутунски комбинат.

„Најбитно е со Владата да продолжиме со продуцирање на трендот на побарувачката за тутун. Мора да отвориме нови перспективи за тутунскиот комбинат, кој ќе има иднина преку отворање на постапките за негова трајна трансформација и ќе ги зголемиме количествата на откуп, но и на финалниот производ. Во земјава влегуваат и нови компании. Фирмата „Мисиријан“ од Грција од март ќе почне да склучува договори за новата реколта тутун. Отворија фирма „Мисиријан доел“ во Струмица. Ќе откупува и во Прилеп. Тоа значи зголемен број откупувачи и зголемена побарувачка на тутун што ќе ја зголемува и цената, рече Заев.

Заев најави дека в година ќе има измени и дополнувања во Законот за тутун, што значи ќе се воведува мотивирачкиот пораст на субвенциите.

„Измените ќе важат за новата реколта и тоа, по 80 денари за прва, 70 денари за килограм тутун од втората класа, а за третата и другите класи останува субвенцијата од 60 денари. Тоа ќе го стимулира квалитетот на производството што пак ќе ја зголемува и побарувачката. Што се однесува до откупните цени по класи, досега диспаритетот помеѓу прва, втора, трета класа е голем. Затоа ќе има јавна дебата за намалување на разликата во цените на класите, а воедно ќе се вложува во системите за наводнување за да се опфатат поголеми површини, рече Заев.

Според него, годишно владата издвојува по десет милиони евра за системите за наводнување, така ќе биде и со наредниот буџет каде се предвидени средствата, а тоа ќе доведе зголемување на производството и до 30 насто.

Според земјоделскиот инспекторат до саботата, 23 декември, во земјава се откупени 17.140 тони тутун по просечна цена од 209,5 денари. 

актуелно влада земјоделци Зоран Заев Прилеп сокотаб струмица
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.