Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: 2018 ќе биде година на економски раст
Македонија

Заев: 2018 ќе биде година на економски раст

април 12, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратениците во Собранието на Република Македонија на вчерашната седница посветена на прашањето за доверба на Владата на Република Македонија, со 62 гласа ѝ изгласаа доверба на владата за нејзината работа. Против изгласувањето доверба гласаа 40 пратеници, а двајца беа воздржани.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во своето обраќање пред пратениците по исцрпувањето на пратеничките настапи и реплики, истакна дека како и во неговото инаугуративно премиерско обраќање во македонскиот парламент пред 10 месеци, така и сега ја повикува опозицијата со активно учество да се вгради во обновата на Република Македонија и да го даде својот придонес и идеи за имплементација на реформите.

„Наследивме тотален колапс, блокирани институции, политика поткрепена со регресивни закони кои создадоа услови и амбиент претходната власт да се чувствува непроменлива. Од таквото владеење граѓаните и денеска, како и власта и опозицијата, се соочуваме со последици и закани во системот на институциите“, рече премиерот Заев.

Заев како пример наведе дека за договори за Скопје 2014 е наследен долг од 280 милиони евра и дека 280 милиони евра се околу 70 отсто од вкупните пари во буџетот предвидени за капитални инвестиции за оваа година.

Тој нагласи дека за да се создадат услови за темелна промена и за отстранување на последиците од разрушениот систем е неопходна вклученост на сите одговорни политички фактори и време, дека системот мора да се регенерира од внатре во самите институции, и дека тоа мораме сами да го направиме.

„Затоа апелирав на одговорно на однесување и инклузивност, на конструктивен придонес за да ги спроведеме реформите, да направиме од Република Македонија современа, европска држава и општество достојно за живот на сите граѓани, без исклучок, и конечно да ги оствариме нашите стратешки цели – членство во НАТО и ЕУ. Да не запаметат како генерација која ги оствари стратешките интереси на државата и на граѓаните“, истакна Заев.

На обвинувањата на опозицијата дека итните реформски приоритети, односно дека Планот 369 доживеал колапс, премиерот Заев укажа на фактот дека Планот 3-6-9, со гласањето на последните закони во Собранието, ќе биде целосно исполнет.

Претседателот на Владата на РМ Заев потсети дека оваа влада го укина владиното рекламирање, организира редовни неделни владини прес конференции, редовно ги објавува дневните редови и записници од владините седници, ги објавува и ги ажурира документите од јавен интерес од страна на министерствата и другите институции

Тој нагласи дека домаќинското и одговорно работење ќе обезбеди повеќе пари за граѓаните, проширување на позитивната листа на лекови, ќе ги награди со повисоки награди дежурствата во здравството, ќе обезбеди пари за да се зголемат субвенциите во земјоделството.

Заев информираше дека показателите за реализацијата на буџетот во 2017 година, особено оние во втората половина на годината после ребалансот, најавија дека 2018 година, ќе биде година на Македонија.

„Да издвоиме дека крајот на годината покажа најголема стапка на реализација на капиталните инвестиции. Вкупната реализација на овие инвестиции во 2017 година изнесува 83,6 проценти од проектираното. Ова претставува најголема реализација на капиталните инвестиции од 2013 година. 2018 година, како година на прогрес, година на економски инвестиции, година на севкупен економски раст и развој на Република Македонија. Очекуваме отворање на многу работни места, очекуваме зголемување на БДП-то. Тоа ќе го почувствуваат и граѓаните“, истакна премиерот и додаде дека најголемата ставка во расходната страна на Буџетот за 2018 година е за Социјалната заштита и за децата.

Тоа е ставката која ги опфаќа и мерките за намалување на сиромаштијата, како стратешка цел.

актуелно ЕУ Зоран Заев македонија НАТО премиер промени скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.