Во Шведска денес се упатени неколку бомбашки закани заради што се евакуирани повеќе стотици патници.
Маж се јавил во полициска станица и пријавил дека во експресниот воз што сообраќал на линијата од Стокхолм до Гетеборг има поставено експлозив. Возот од безбедносни причини беше запрен непосредно пред влегувањето во станицата и беа евакуирани 150 патници.
Втората бомбашка закана е упатена кон возот на станицата Содерале Сид, јужно од Стокхолм.
Полицијата од националната железничка компанија побара да биде запрен сообраќајот кон Гетеборг и Стокхолм.
Во тек се проверки во двата воза. Се пребарува секој детал од возовите и се врши контрола на се што е сомнително.







