Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заклучоците за Северна Македонија постојано се менуваат, конечната одлука кај ЕУ министрите
Политика

Заклучоците за Северна Македонија постојано се менуваат, конечната одлука кај ЕУ министрите

јуни 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ се во постојан контакт и разговараат за заклучоците за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија, а не се исклучени нови состаноци во текот на овој викенд.

Со оглед на политичката чувствителност на прашањето, конечната одлука ќе ја донесат министрите за надворешни работи на ЕУ во вторник, брифираат за МИА извори во Советот на ЕУ.

За сега на амбасадорско ниво се произведуваат редовно нови нацртзаклучоци за претстојниот министерски совет во вторник.

„Последната верзија за Северна Македонија и за Албанија гласи дека земјите членки на ЕУ ќе се навратат на прашањето со изгледи за носење позитивна одлука во најкус можен рок и не подоцна од септември 2019“, дознава МИА од дипломатски извори.

Според дипломати присутни на амбасадорскиот состанок во средата во Брисел, „огромно мнозинство“ земји членки сакаат да видат позитивни заклучоци, посебно за Северна Македонија, на Советот на 18-ти јуни во Луксембург, но разликите во ставовите сѐ уште не се надминати.

„Во овој момент се дискутира за тоа како да му се пристапи на ова  прашање, а воедно да се земе предвид германскиот Парламент кој има свои рокови, и пробуваме да имаме некаков исход, и него што подобро да го изменаџираме“, велат извори во Советот на ЕУ за МИА, коментирајќи ги наводите на други дипломати кои не ја исклучуваат можноста, поради отсуство на консензус, да се одложи дебатата за проширувањето најрано на следниот месец.

„Романското претседателство има обврска да ги следи ланските заклучоци во кои министрите се заложија да се навратат на ова прашање на Советот за општи работи овој месец“, објаснуваат дипломатите.

„Имаме рок да се навратиме на ова во јуни и да донесеме одлука за следните чекори и за извештаите на Европската Комисија, има дискусии сега во Бундестагот за зелено светло за преговори со Албанија и Северна Македонија“, велат од романското претседателство.

Во овој момент, „повеќе опции се на маса“, но детали слабо протекуваат, иако никој не ја негира, но не ја ни потврдува, можноста од одвојување на Скопје и Тирана во конечните заклучоци во вторник во Луксембург.

„Постои признание дека има разлики помеѓу двете земји, вели еден дипломат за МИА, но за сега во нацртите не се одвојуваат“, додаваат од Советот.

Разликите се темелат пред сѐ на самите наоди на Европската Комисија во последните извештаи за напредокот на земјите од регионот, каде за Албанија, и покрај препораката за почеток на преговори, се констатираат сѐ уште одредени слабости, како отсуството на политички дијалог и недоволни напори во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Земјите-членки се исто така свесни дека Северна Македонија е во посебна положба поради склучувањето и ратификацијата на Преспанскиот договор, кој мора да биде награден на некаков начин.

И покрај отпорот на одредени земји членки, дипломати за МИА брифираат дека одвојувањето на Тирана и Скопје останува можна опција, веќе во јуни или јули, посебно откако холандскиот Парламент пред неколку дена гласаше против датум за преговори со Албанија, но не и со Северна Македонија.

По гаранциите добиени од страна на германската канцеларка Ангела Меркел вчера на средбата со премиерот Зоран Заев во Берлин, се врати надежта дека веќе во јуни е можно да се издејствува сериозен политички сигнал за датумот за преговори.

„Оваа средба и оваа порака на Меркел е многу важен сигнал, и доаѓаат по состанокот на амбасадорите, така што би можеле да видиме ново придвижување во наредните денови, не се исклучува можноста од нова вонредна амбасадорска средба во текот на овој викенд на оваа тема“, вели дипломатски извор во Советот за МИА.

Една од варијантите за заклучокот во јуни, за која притискаат неколку земји членки, е да се даде гаранција за почеток на процесот на преговори и да и се додели мандат на Европската Комисија за изготвување на преговарачката рамка, опција која минатата година беше експресно отфрлена од страна на Франција.

„Доколку на 18-ти јуни земјите членки постигнат консензус за ваков заклучок во кој се споменува изготвување на преговарачка рамка со Македонија, и евентуално одржувањето на првата меѓувладина конференција (која го означува стартот на преговорите), тоа би било недвосмислена порака дека Северна Македонија влегува во
преговарачкиот процес со ЕУ со јасна перспектива“, сметаат поддржувачите на проширувањето во Брисел.

Останува дека отпорот од Франција не е сосема надминат, сметаат дипломати од земја членка сосед на Северна Македонија, и претстојниот Совет за општи работи во вторник во Луксембург би можел повторно да се претвори во долга и макотрпна рунда преговори помеѓу министрите на Унијата.

актуелно Заклучоци северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.