Предлог законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, не беше усвоен во Собрание.
Мнозинството од пратениците не го поддржаа овој закон и како што рече Џафери, нема повеќе да се дебатира за овој предлог-закон.
За усвојување на овој предлог-закон „за“ гласаа 25 пратеници, а „против“ 59 пратеници.
По завршувањето на 66. седница закажано е продолжението на 65. седница на чиј дневен ред е Предлог законот за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабелски оператори, радиодифузна такса, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, по скратена постапка.







