Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Законот за ЈО има меѓународна поддршка, му порача Заев на Мицкоски, тој, пак смета дека тоа е обид за амнестија
Политика

Законот за ЈО има меѓународна поддршка, му порача Заев на Мицкоски, тој, пак смета дека тоа е обид за амнестија

февруари 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Првиот телевизиски дуел меѓу лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски почна со жестока дебата за состојбите во правосудството и Законот за јавно обвинителство.

Заев во дуелот на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 кажа дека не се
согласува со тврдењата дека со Маршот за правдата што го организира СДСМ, потврдиле дека потфрлиле на главното ветување дека ќе ја донесат правдата.

„Апсолутно не. Демонстриравме борба до крај додека сите вредности не бидат и практично воспоставени. Со Маршот за правда упативме порака дека ја завршивме работата до крај, дека извршната и парламентарната власт ја завршија работата, а сега народот по донесување на Законот за јавно обвинителство очекува практична примена на законите“, рече Заев.

Во дебатата тој истакна дека судиите и обвинителствата се независни институции, и дека власта не се меша во нивната работа, како пред 2017 година.

Им порача на судиите дека нема да се дозволи да застарат предмети, да се враќаат повторно од почеток, да се чуваат во фиока.

„Судиите и обвинителствата се независни институции, власта не треба да се меша, како што тоа беше до 2017, па ние се боревме против тоа, судовите треба да судат врз основа на докази па и да донесуваат ослободителни пресуди“, порача Заев.

Лидерот на СДСМ го повика Мицкоски да се огради од Никола Груевски, посочувајќи дека тоа е како да ја слуша истата „матрица“ и како постојано да го слуша Груевски.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да направи разлика меѓу извршна, законодавна и судска власт. Не можете да се одлепите од матрицата на Никола Груевски, цело време зборувате исто како него. Тоа е тоа што го гледа и јавноста, извршител сте на Груевски или еден инструмент со кој диригира Греувски“, рече тој и го повика Мицкоски да се огради од Груевски.

За Законот за јавно обвинителство, Заев потенцира дека тој е поддржан од целата меѓународа заедница, од ЕУ, САД, и оти тоа е структурен закон што ја гарантира правната држава.

„Цела меѓународна заедница и огромен дел од експертската јавност го потврдија и го поздравија Законот за ЈО и сите предмети и предистраги на СЈО се гарантирани со него. Само ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски е против затоа што брани криминал“, истакна Заев.

Законот, повтори тој, важи еднакво за сите, а сите докази прифатени од
обвинителството се валидни.

„Судството мора да се прочисти, 90 отсто од судиите се од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кое влијае и 11 години влијаеше врз судството со застарување на предмети, враќање на повторно судење“, порача Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски рече дека се чуди на конфузната изјава на Заев кога вели дека не се согласува дека имале три години за реформа во правосудството, кога тој лично го водел телото за реформи.

„Многу е доблесно да кажете дека сте погрешиле“, рече Мицкоски.

Според него, ако порано судството беше познато како Сваровски судство, денеска е Луи Витон судство.

Мицкоски го спомена последниот предлог за член на Судскиот совет, посочувајќи дека станува збор за активистка на СДСМ.

За обвинувањата дека за Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му рече на Заев дека е опкружен со соработниците на Груевски и оти тој нема контакти со него.

„Господине Заев се возите во мерцедесот на Груевски, тоа на М се сеќавате. Седите во барокната фотелја и во неговиот кабинет, седевте до скоро, се надевам дека нема да ја имате повторно таа можност. Опкружени сте со соработниците на Груевски, официјално и неофицијално, тие што се во вашиот скут. Вие сте опседнати со Никола Груевски. Оставете го Никола Груевски, ајде да зборуваме за тоа што е тема“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во една од репликите до Заев, му рече дека тој по изборите на 12 април ќе одговара за тоа што го правел, дека барал амнестија за себе и за своите соработници со Законот за јавно обвинителство.

„Вие барате амнестија, но тоа нема да се случи. Ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот. Барате амнестија за вас и вашите соработници после 12-ти април. Ако се огрешиле пред законот, ако барале евро за евро, кои интервенирале кај судии, злоупотребиле моќ да одговараат, за кои постојат докази да бидат изведени до крај, до крај господине Заев, но овој закон тоа не го одобрува тие како за вас и оние околу вас. Ќе одговарате“, рече Мицкоски.

Тој прочита дел од Законот за јавно обвинителство односно членот 110 од Законот.

„Навистина не можам да го разберам, дека е објективно дека гарантира правда, правичност, но еве ќе си дозволам пред вас да го прочитам членот 110 од овој Закон, став 1 вели „јавното обвинителство не може да го заснова обвинението врз основа на незаконски прислушувани материјали„. Каде е тука јавниот интерес? Каде е тука Судот за човекови права во Стразбур“, праша Мицкоски.

Според него, има многу случаи во коишто и нелегално стекнат материјал поради јавен интерес и основано сомнение се земаат како докази за криминал.

„Да ги читам став 2 и став 3? Знаете што е дефиниција за заробена држава, кога се прави закон за определена група на луѓе. Законот вика исклучок од овој член се предметите од јавното обвинителство поранешното СЈО кои што се поднесени до 30 јуни, а се што е после 30 јуни може да се користат само како индиции и да не може да се заснова обвинителен акт. Во Законот за кривична постапка се вели дека доказите што се доставени, стекнати на нелегален начин, не може да бидат третирани како докази. Како ќе суди судијата господине Заев, како вие што ќе кажете, по принципот на „трас трас“ или по принципот „оваа одлука без Заев не можеше да се донесе“?“, рече Мицкоски.

актуелно амнестија Заев закон за јо мицкоски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.