Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЗАМИНА ГОЛЕМИОТ ДИПЛОМАТ: Почина Хенри Кисинџер
СВЕТ

ЗАМИНА ГОЛЕМИОТ ДИПЛОМАТ: Почина Хенри Кисинџер

ноември 30, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Хенри Кисинџер, поранешниот државен секретар на Ричард Никсон, кој стана една од најистакнатите и најконтроверзните фигури во американската надворешна политика во 20 век, почина на 101-годишна возраст.

Консултантската фирма „Хенри Кисинџер Асошиејтс“ ја објави неговата смрт во соопштение вчеравечер, но не ја откри причината.

Познатиот дипломат во текот на својата долга кариера советуваше десетина претседатели, меѓу кои и Џозеф Бајден.

Доби заедничка Нобелова награда за преговори за завршување на војната во Виетнам.

Но, неговото наследство беше дефинирано и со неговиот презир кон човековите права и напорите да ги заштити американските корпоративни интереси по секоја цена.

Противниците ширум светот го прогласуваат за воен злосторник.

Го поддржа воениот диктатор на Индонезија во инвазијата на Источен Тимор, ја поддржа инвазијата на Ангола од страна на режимот на апартхејдот во Јужна Африка и работеше со ЦИА на соборување на демократски избраниот претседател на Чиле.

Исто така, го одобри и прислушувањето на новинарите и неговиот персонал.

Кој беше Хенри Кисинџер?

Хенри Алфред Кисинџер (Henry Alfred Kissinger) е роден како Хајнц Алфред Кисинџер на 27 мај 1923 година во Фурт, Германија.

Мајка му била домаќинка, татко му учител, а имал и помлад брат, кој починал во 2021 година.

Кисинџер бил еврејски бегалец кој избегал од нацистичка Германија со своето семејство во 1938 година.

Имал 15 години.

По пристигнувањето во САД, дипломирал на Харвард во 1950 година.

Магистрирал и докторирал, исто така, на Харвард во 1951, односно во 1954 година.

Американско државјанство добил во 1943 година.

Своите први политички искуства ги доживеал во 1957 година како советник на гувернерот Нелсон Рокфелер.

После тоа беше ценет и кај американските претседатели Џон Ф. Кенеди, Џонсон и Никсон.

Со изборот на Никсон за претседател во 1968 година, Хенри Кисинџер стана официјален советник на претседателот за безбедносни прашања. Тогаш неговата политичка кариера тргна по нагорна линија.

До денес тој останува еден од најистакнатите светски дипломати.

На 6 февруари 1949 година, Кисинџер се оженил со Анелиза „Ана“ Флејшер, која е родена во неговиот роден град Фирт.

Имаат две деца, Елизабет и Дејвид.

Се разведоа во 1964 година, а Кисинџер Кисинџер во март 1974 година се ожени со Ненси Меџинс.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Омер Месинџер/ЕПА-ЕФЕ)

актуелно дипломат политика Хенри Кисинџер
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.