Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Западен Балкан во фокусот на Самитот во Познањ – европска перспектива, но и многу незавршена работа
СВЕТ

Западен Балкан во фокусот на Самитот во Познањ – европска перспектива, но и многу незавршена работа

јули 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Западен Балкан повторно ќе биде во фокусот на вниманието во петок кога во полскиот град Познањ треба да се одржи Самитот во рамки на Берлинскиот процес.

Најавено е и присуство на германската канцеларка Ангела Меркел на чија иницијатива во 2014 година беше покренат Берлинскиот процес со цел да се забрза дијалогот и можноста за соработка меѓу државите од Западен Балкан.

Регионот на Западен Балкан, според Меркел, има европска перспектива, но постојат уште многу услови што треба да се исполнат. Воените конфликти од 90-те години, смета Меркел, се надминати, но во државите од Западен Балкан се уште има отворени прашања што треба да се решат.

„Денес состојбата во Западен Балкан е мирна, но има предизвици кои треба да се решат и потребно е да се исполнат условите за да се подготват земјите за влез во ЕУ. Патот е се уште трнлив, оценува германската канцеларка во својот видео поткаст објавен вчера по повод Самитот во Познањ.

Сепак, според Меркел, има позитивни примери на решавање на конфликти во регионот како што е случајот со Северна Македонија и Грција.

„Ваквиот позитивен пример треба да биде охрабрување за решавање на проблемите во Босна и Херцеговина, како и меѓу Србија и Косово, смета Меркел.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во петокот во Софија изјави дека за државата нема друга алтернатива освен европскиот пат.

„Фокусирани сме на октомври. Покажавме европски однос кон регионот, кон соседството, градиме мостови. Дома имаме неверојатен демократски пресврт во изминатите две години. Мислам дека сме апсолутно подготвени да го почнеме пристапниот процес. Не сме подготвени за членство, меѓутоа сакаме процесот да го користиме како алатка да станеме вистинска европска демократија, рече Димитров по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на
Организацијата за црноморска економска соработка.

Доколку земјата не добие датум за пристапни преговори, според него, би се испратила лоша порака во целиот регион дека можеби не вреди да се инвестира политички капитал во европски компромиси и да се работи фокусирано на реформите.

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова, пак вчера во изјава за БНТ оцени дека Северна Македонија дала голем залог за да добие датум за преговори. Според неа, Европската унија направила голема грешка со одложувањето на одлуката за почеток на преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ.

„Мислам дека ЕУ направи голема грешка што ја одложи одлуката за октомври. Се надевам дека во ЕУ во октомври ќе бидат помудри, бидејќи сите ние знаеме дека од јуни до октомври нема многу време за да се зборува за, не знам какво, исполнување на критериуми, истакна Јотова, додавајќи дека Северна Македонија и Албанија останале разочарани.

актуелно Западен Балкан познањ самит
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.