Mинистерот за економија, Крешник Бектеши, денеска на прес-конференција информираше дека врз основа на направените анализите, на утрешната владина седница се очекува да биде донесена одлука за замрзнување на цените и на оризот и јајцата.
Во моментов, според министерот, цените на јајцата во земјата биле најниски во однос на другите земји од регионот и нивно поскапување во пресрет на Велигденските празници нема да се дозволи.
Што се однесува за шеќерот и брашното, вели дека нема да се интервенира со замрзнување, бидејќи веќе имало намалување на цените на овие производи и тој тренд се очекува да продолжи.
„Очекуваме цените на шеќерот и брашното сами да паѓаат, а тие веќе и бележат намалување. Ако тоа не се случи од страна на трговците, во наредните денови ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи“, вели Бектеши.
Ваквите мерки следат откако на крајот на февруари беше донесена одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб, а минатата недела се замрзнаа цените на тестенините и млечните производи.
Бектеши ги поздрави компаниите од месната индустрија кои уште пред март почнаа да ги намалуваат цените.
Тој најави дека цените на месото и месните проиозводи кои се увезуваат во мошне скоро време ќе бидат предмет на анализира во Министерството за економија.