Воздухопловните сили на Бразил соопштија дека пресретнале помал авион со 500 килограми кокаин.
„Два лесни јуришни авиони А-29 Супер Тукано се испратени да го следат и пресретнат авионот – соопшти бразилското воздухопловство, пренесува ТАС С. Бразилските воени авиони најпрво го радио пилотот на сомнителниот авион со наредба да слета на блискиот аеродром, но тој не одговорил, па тие испукале предупредувачки истрели.
Откако авионот слетал во рурален дел на државата Сао Паоло, пристигнала полицијата и во авионот пронашла 500 килограми кокаин. Двајца шверцери од авионот успеале да побегнат и по нив се трага.