Американската царина и граничната патрола заплениле минатата недела лажни вакцинални сертификати кои биле испратени од Кина во американската држава Тенеси.
Сертификатите биле завиткани во честитки и после читањето на описот на пратката, царинските службеници „веднаш знаеле за што станува збор“, се наведува во царинското соопштение што денеска го пренесе „Си-Би-Ес њуз“.
Пратката од Тенеси била упатена кон деловниот округ во Њу Орлеанс, но цариниците ја пресретнаа во пристаништето во Мемфис.
Од царината порачаа дека ова е 15 пратка од ваква врста и дека во неа имало 51 лажен вакцинален сертификат си лош квалитет.
До сега се запленети повеќе од 3.000 фалсификувани вакционални потврди од Кина.