Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Започна реконструкцијата на објектот на Центарот за деца со церебрална парализа
Македонија

Започна реконструкцијата на објектот на Центарот за деца со церебрална парализа

јули 6, 2017Updated:јули 6, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска започна реконструкцијата на Центарот за дневен престој на 45 деца со церебрална парализа. Овој објект ќе биде нивно убаво катче за престој, рекреација и забава во текот на наредните 2 години.

Општина Центар го реализира проектот со поддршка од Министерството за труд и социјална политика и со донација од рафинеријата Окта.

Родителите на децата велат дека проектот ги задоволува сите потреби на нивните деца, а особено се горди што проектот сами го направиле.

“Нашите деца досега беа заборавени од институциите. Не е дозволиво тие да немаат никакви права по 26-тата година“, рекоа родителите.

Поради изградбата на новото училиште во населбата Капиштец, имаше потреба од дислокација на Центарот за престој на децата со парализа.

Денеска, рече Министерот за труд и социјална политика, Мила Царовска, започнува реконструкција на овој објект, кој што ќе го користат 45 корисници и кои ќе имаат физиотерапевтска и дефектолошка поддршка по сите принципи и стандарди.

“Ова е правено во согласност со родителите, бидејќи тие ни се многу важни во овој процес. Во новото училиште во Капиштец ќе има посебен дел за инклузија на лица со попреченост. На овој начин ќе добиеме 2 институции во Општина Центар кои ќе се грижат за оваа група на граѓани. Децата со церебрална парализа треба да добијат поддршка од другите општини и да го преземат овој успешен проект“, рече Министерот за труд и социјална политика, Царовска.

Градоначалникот Андреј Жерновски рече дека ова е многу важен проект за општината. Директна причина за реконструкцијата  е изградбата на новото училиште во Капиштец и затоа мораше да има дислокација на Центарот за дневен престој. Но, тоа е и позитивно, бидејќи децата овде ќе имаат многу подобри услови од просториите каде што се и денеска сместени.

“По завршување на целосната градба на проектот, ќе го направиме она што е за нас многу битно, но и за родителите и децата. По 2 години, кога ќе биде завршено новото училиште, децата од Центарот ќе се вратат и ќе бидат сместени во склопот на училиштето, бидејќи не можеме да зборуваме за инклузија ако овие деца се посебно сместени“, рече градоначалникот Жерновски.

По 2 години, овој објект кој што ќе биде комплетно и модерно реконструиран, ќе прерасне во градинка, бидејќи тоа е повеќе од потребно во овој дел од Центар

Жерновски се заблагодари за помошта од Министерството и од рафинеријата Окта.

Со помошта што компанијата Окта ја дава за реконструкција за овој Центар, ќе се обезбеди ново место за згрижување на децата со церебрална парализа, кој ќе нуди современа нега и терапија и секојдневна поддршка за нивните родители. Постојат многу групи граѓани кои имаат потреба од помош за секојдневно да излезат во пресрет со секојдневните притисоци, но имајќи ја предвид бројноста на децата со церебрална парализа, како и отсуството на соодветен Центар, сметавме дека во моментов имаат приоритет за добивање на нашата поддршка и целосно внимание“, изјави Јанис Геруланос, Генерален извршен директор на Окта.

Царовска, Жерновски и Геруланос ги повикаа и другите компании да излезат во пресрет и да помогнат за децата со попреченост да добијат подобри услови. Реконструкцијата на објектот ќе чини 2 милиони денари.

актуелно Капиштец Окта општина центар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.