Во Германија, заштитните маски кои се носеа за време на пандемијата со Ковид-19, наскоро би можеле повторно да станат задолжителни.
Германските медиуми јавуваат дека Јанош Дамен, член на Зелените, предлага повторно да се носат маски.
„Бројот на заразени со корона вирус повторно се зголемува и носењето маски повторно има смисла, особено во постудените месеци“, рече Дамен.
Претседателот на Здружението на лекари на Германија смета дека и маските и вакцините имаат смисла оваа есен.

„За да се заштитите од акутни респираторни заболувања, можеби ќе има смисла оваа есен да носите заштитна маска во установите за нега, на клиниките и другите делови на здравствениот систем“, објаснува Дамен.
Тој додава дека во текот на есенва и зимава здравствениот систем во Германија би можел повторно да биде оптоварен, а повозрасните ги советува да се вакцинираат.
И покрај зголемувањето на бројот на заболени од корона вирус, тој е сè уште низок, па германските медиуми пишуваат дека нема место за грижа.
Германија е една од последните земји во Европа каде што беа укинати мерките кои на сила беа за време на пандемијата.







