Над два милиона садници денеска беа посадени на 500 хектари на територијата на Република Македонија во рамките на 17 акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.
За пушумување се користеше црн и бел бор, багрем, јасен, јавор, чемпрес, аризонски чемпрес, даб, питом костен, дива круша и црн орев.
Премиерот Емил Димитриев, кој во рамки на акцијата посади дрво во градинката „Ѕвездичка“ во Кочани, порача дека секоја година ќе се засадуваат по пет милиони дрва преку традиционалната манифестација и Програмата за проширена репродукција на шумите.
Акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ почна во 2008 година и во првите четири години, до 20122 година, се спроведуваше во две сезони-пролет и есен.
Во последните пет години пошумувањето се извршува само на есен.








