Стопанската комора на Македонија информира дека на сила е забрана на преминување на белоруско-руската граница по сувоземен пат. Тоа, потенцираат од таму, се однесува и на превозот на стоки од Македонија.
Потврда за измената на режимот стасала од Амбасадата на Република Македонија во Москва по добиеното соопштение од страна на руските надлежни органи
„Во согласност со известувањето, нема да бидат овозможени влез, излез и транзит на какви било транспортни средства и државјани на трети земји, вклучувајќи ги оние и од Република Македонија, во Русија преку територијата на Белорусија на места што се означени како меѓународни гранични премини“, соопштуваат од комората.







