Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Затворски казни од девет и седум години за „Рекет“, незадоволни и одбраната и обвинителството
Судски процеси

Затворски казни од девет и седум години за „Рекет“, незадоволни и одбраната и обвинителството

јуни 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Судот им изрече затворски казни од девет години на Бојан Јовановски и седум години на Катица Јанева откако вчера ги прогласи за виновни во случајот „Рекет“.

По објавувањето на пресудата незадоволство од изречените казни изразија и одбраната и обвинителството, а најавија и жалби.

Одбраната на Катица Јанева рече дека се разочарани од пресудата и
казните кои ги слушнале и најави дека ќе се жалат и ќе поднесат жалба
до повисоките судови.

„Се надеваме дека повиосоките судови ќе имаат поголем сенс за правда и правичност, за носење на одлуки кои се базираат на докази. Ќе се бориме до крај како одбрана и пред домашните и пред сите меѓународни судови“, изјави адвокатката Ирена Фрчковска.

Бранителот на Бојан Јовановски, адвокатот Сашко Дуковски, по објавувањето рече дека пресуда била очекувана од почетокот на овој судски процес.

„Знаевме дека ќе биде вака брутална казна и оваа пресуда најмалку се заснова на докази. Мене навистина не ми е јасно на какви докази, но тоа е тоа. Овдека не завршува нашата борба“, изјави Дуковски.

Јавната обвинителка Вилма Русковска, исто така, најави жалба и за двете пресуди, но откако ќе ја добие на писмено пресудата.

„Апсолутно не сум задоволна со пресудата за Бојан Јовановски, за кого реално не очекував под десет години казна затвор. Што се однесува до веќе осудената Катица Јанева очекував меѓу седум и осум години затвор“, изјави вчера Русковска.

На објавата на пресудата во големата сала на Врховниот суд во Скопје присуствуваше само првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, додека второобвинетата Катица Јанева не дојде во судот и одлуката ја слушна во домашен притвор, каде ќе остане до правосилност на пресудата, бидејќи судот го отфрли предлогот на обвинителството за замена на мерката куќен притвор со притвор.

Судот го прифати предлогот на обвинителството и Јовановски останува во притвор.

Јовановски судот го прогласи за виновен за сторените кривични дела – „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари“, а Јанева за „злоупотреба на службена положба и овластувања“.

Судијката Николовска Масевска, при објавување на пресудата рече дека во казната ќе им се пресметува времето поминато во притвор.

„Обвинетата Катица Јанева го прифатила влијанието на Бојан Јовановски и го пречекорила своето овластување и за себе прибавила значителна имотна корист – мебел и 50 илјади евра.

Обвинетата Катица Јанева, во ноември 2018 година предложила мерка притвор за обвинетиот Јордан Камчев во предметот „Империја“.

Со влијание на Бојан Јовановски на 24 декември до Апелациониот суд Скопје предложи мерката притвор да се замени со мерка куќен притвор“, рече судијката во пресудата.

Во образложението за пресудата против осомничениот Бојан Јовановски, судијката Масевска истакна дека обвинетиот со незаконски прибавени средства купил луксузни облеки од различни светски брендови.

Освен казна затвор од девет години, на Бојан Јовановски судот донесе одлука за да му се конфискуваат 12 илјади евра.

Судењето за предметот „Рекет” почна во ноември минатата година.

Обвинението беше поднесено против три лица.

На првото рочиште за овој случај обвинетитот Зоран Милевски-Кичеец ја прифати вината и на следното рочиште беше осуден на три години затвор.

Другите двајца обвинети Јовановски и Јанева, се изјаснија дека се невини и против нив се водеше судска постапка во која беа презентирани низа материјални и вербални докази од страна на Обвинителството.

актуелно затворски казни рекет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.