Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Захариева: Не можеме да одобриме старт на преговорите со Скопје додека не добиеме правни гаранции
Македонија

Захариева: Не можеме да одобриме старт на преговорите со Скопје додека не добиеме правни гаранции

ноември 18, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Додека не добиеме правни гаранции – и од Скопје и во контекст на процесот на преговори со ЕУ, дека ќе дојде до промена на сегашната политика, ние не можеме да се согласиме на одржување на првата меѓувладина конференција и на старт на преговорите за членство со Македонија, изјави денеска бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

– Бугарските национални интереси во Република Македонија се предмет на јавен и политички консензус, пренесувани со генерации во надворешната политика на Бугарија и потврдени во Декларацијата на Народното собрание од 10 октомври 2019 година. Оваа Декларација е пример за континуитет и меѓупартиски консензус со што можат да се пофалат само мал број земји. Тоа ни ја даде потребната политичка тежина со цел самоуверено да го браниме нашиот национален интерес во разговорите со Скопје, нагласиа Захариева во обраќање пред пратениците на бугарското Собрание, кои ги информираше за најновиот развој на настани во односите со земјава.

Како што јави БГНЕС, Захариева истакна дека Бугарија ќе ги вложи сите неопходни напори за „постигнување квалитативно нов почеток во односите“ со земјава, додавајќи дека Софија во нив отсекогаш покажувала „конзистентност, предвидливост, транспарентност и конструктивност“.

– И покрај сите наши манифестации на добрососедство, Скопје не ја смени суштината на својата политика кон Бугарија. Обврските кон нашата земја останаа само декларативни, а во суштина Скопје ја продолжи својата политика за поддршка на неоснованите малцински, историски, јазични и други претензии. Имаме долга листа на примери во кои тие не се придржуваат до потпишаните билатерални документи, рече Захариева од собраниската говорница.

Според неа, луѓето во Македонија „се уште се во машата на тоталитарното размислување“, за што како пример ја посочи, како што рече, „прославата на годишнината од смртта на Тито, организирана од градоначалникот на Скопје“.

– Додека голем дел од другите републики на поранешна Југославија им оддаваат почит на големиот број жртви на режимот на Тито, во Скопје се велича неговото наследство. За жал, оваа идеолошка конструкција, негувана од „длабоката држава“ го заробува општеството, додаде бугарската министерка за надворешни работи.

Како други примери во застојот на односите меѓу двете земји, Захариева посочи наводни „административни пречки за бугарскиот бизнис во Македонија, доцнење на транспортниот коридор број 8, антибугарска реторика во медиумите и искривена медиумска презентација на бугарската позиција“.

– Ја оставме отворена вратата за комуникација и во секој момент сме подготвени за билатерални преговори со Република Македонија, додаде Захариева.

актуелно захариева неодобровување правна гаранција преговори северн амакедонија старт
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.