„За мене не е изненадување во овој период да следат кривични пријави, можеби и повеќе ќе следат, одиме во изборна кампања. Јас сум кандидат за градоначалник, нивниот кандидат најверојатно има потреба од ваква поддршка за да може да освои некој поен кај граѓаните.
„Веднаш да кажам дека за овие 4 години, Захариев работеше законито, професионално и одговорно што резултираше со 450 проекти. Тие проекти се во градат и најверојатно им пречат на политичките конкуренти и кога сме во изборен период тие поднесуваат кривична пријава“, се вели во реакцијата на градоначалникот на Штип, Илчо Захариев за кого полицијата денеска поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.
Според Захариев, станува збор за компанијата „Актива“ и за објект на улица „Гоце Дечев“. Оваа компанија со преддоговор платила 1.5 милиони денари за комуналии. „Во меѓувреме таа компанија, го направила објектот иако немала одобрение за градење, и со Законот за легализација го легализираа и за тоа си платија. Подоцна го дооформија објектот, но останаа да висат 1.5 милиони денари за комуналии. Објектот веќе е легализиран по друг основ.
Општина Штип требаше да биде тужена од страна на „Актива“, за тие 1.5 милиона денари од страна на ЈП „Штип проект“ да бидат вратени и тоа со камати. За среќа „ Актива“ почна да гради нов објект а тоа е „Актива аутомотив“ во индустриската зона „Запад“ со белгиски „Ван Хул“ и тоа беше шанса да се пребиеме, бидејќи за објектот направен во 2004, кога јас не сум бил градоначалник, а со Законот за легализација си платија, а висеа 1.5 милиона денари за комуналии. Ние моравме да ги враќаме тие пари назад“, вели Захариев.
Според него, предметот е кристално чист и ова е политичка пресметка,. „И македонската и штипската јавност треба да знае дека за секој проект од страна на полциијата, во изминатите 4 години следеше кривична пријава. Имаше над 40 истраги и ниедна кривичан пријава не е процесуирана, што е доказ за мојата чесност и одговорност.
Ние никогаш нема да дозволиме, а посебно јас да направам нешто што ќе биде незаконито. Ние се радуваме што „Актива“ направи огромна фабрика, а сега гради и втор погон и вработија над 350 лица. До денер исплатила се на Општината и беа фер и коректни и не не тужеа за тие 1.5 милиона денари за да ги вратиме и плус камати. Мислам дека овој предмет, обвинителството да го истражи докрај и да покаже колку МВР , работи во прилог на една политичка партија.
Ние спокојно ја продолжуваме кампањата, за нас нема дилеми и ние сме убедени во победа на 15 октомври, и тоа со резултат 3:1. Така да, таквата помош на слабиот противкандидат и конкурент на другата партија не му требаше во овој момент“, се вели во реакцијата на Захариев.







