Актуелниот градоначалник на Штип, Илчо Захариев, влегува во трката за втор мандат на локалните избори што ќе се одржат на 15 октомври.
„Со над 400 реализирани проекти градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, го завршува овој мандат. Минативе 4 години градот го претвори во место посакувано за живеење, работеше деноноќно, постојано на терен меѓу сограѓаните. Поради силната посветеност, работливост и одличните резултати, ВМРО-ДПМНЕ му даде поддршка на Захариев да биде кандидат за градоначалник и на претстојните локални избори“, соопшти партијата.
„Зад себе оставам над 400 реализирани проекти. Секој од нив, од најмалиот до најголемиот, од најевтиниот до најскапиот, сите тие имаат свое значење. И за мене, но и за граѓаните“, вели Захариев.







