Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, повикот на руските амбасадори во Полска и Велика Британија го нарече ланчана реакција на земјите-членки на НАТО во знак на поддршка на американските санкции.
„Тоа е поддршка на американските санкции. Ова е знак на замаена блоковска дисциплина, кога одлуките не се донесуваат врз основа на вистински факти, туку по команда, демонстрирајќи псевдосолидарност. Тоа не е солидарност, дури ни кампања, тоа е вазалство во 21 век“, рече Захариева.
Денес Соединетите Американски Држави објавија дека воведуваат санкции за шест руски технолошки компании, како и дека протеруваат десет руски дипломати. После тоа амбасадорот на САД во Русија беше повикан во Министерството за надворешни работи на Русија.
Денеска, исто така, три службеници на руската амбасада во Варшава се прогласени за персони нон грата, додека властите на Велика Британија ја обвинија Надворешно разузнувачката служба на Русија дека стои зад нападот на „SolarWinds“.
(Фото: ЕПА)