Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Зајкова: На повидок е прифатливо решение за државната матура
Македонија

Зајкова: На повидок е прифатливо решение за државната матура

февруари 12, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Двете предлог-решенија за државната матура кои беа изложени пред средношколците, во писмено образложена форма ќе бидат пратени и до Министерството за образование и наука и Владата и се надеваме на позитивен одговор, изјави пратеничката од ЛДП Моника Зајкова откако денеска на дебатата што ја организираше парламентарниот Клуб на младински политики беа понудени две опции – матурантите да полагаат два екстерни испита, а за интерните да добијат просечна оценка од четирите години во средно образование или да ги полагаат предметите по скратени програми.

Зајкова истакна дека ова е пример за компромисно решавање на општествените проблеми, во Собранието се слушнал гласот на средношколците, а низ дебатата се наметнало оптимално решение за кое се надева дека ќе биде прифатливо за учениците, за Сојузот на средношколците, за МОН и за Владата.

– Предлогот опфаќа две опции, првата претпочита матурантите од предвидените четири предмети да ги полагаат само двата екстерни, додека за интерните предмети да им биде впишана просечната оценка од четиригодишното школување. Другата опција опфаќа да се полагаат два екстерни предмета како што бараат матурантите, и два интерни, но со соодветно скратен обем. Скратувањето произлегува од претходно скратената настава поради КОВИД- кризата, неможноста соодветно да се следат предавањата и, како што тврдат средношколците, поради оскудните техничките услови на дел од нив, рече Зајкова.

Претседателот на Сојузот на средношколците Бленди Ходаи изјави дека за нив е прифатлива првата опција, но конечна одлука ќе донесат по состанок со членството.

– За два интерни предмета ќе треба да се напише просечна оценка од минатите четири години во средно образование. Ќе дискутираме во Сојузот и ако тоа се прифати, ние ќе пратиме образложена форма до Владата и до пратениците, изјави Ходаи.

Во понеделникот, Сојузот го прекина привремено бојкотот во очекување одлука во Собранието каде што е доставен Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средно образование, а во вторникот на нивно барање имаа средба со премиерот Зоран Заев на која разговараа за измени на концептот на државната матура.

актуелно дебата Државна матура
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.