Најмалку 22 лица загинаа, а десетици се ранети кога силна експлозија одекна во преполна џамија во градот Пешавар, во северозападниот дел од Пакистан.
Експлозијата најверојатно била предизвикана од бомбаш-самоубиец. Истрагата е во тек, заради што подетални информации ќе бидат објавени подоцна во текот на денов
Инцидентот се случил за време на попладневната молитва во зоната со високо обезбедување.
Полицијата извести дека се повредени 96 лица, од кои многумина се пренесени во болница.
Ниту една група сè уште не ја презела одговорноста за нападот врз џамијата.
(Фото: АФП)







