Министрите од владата на премиерот Зоран Заев денеска седнуваат на првата владина седница. Според сознанијата седницата ќе трае неколку часа.
Засега, никој официјално не кажува што ќе бидат првите точки на дневен ред на оваа владина седница. Темите се уште велат се прецизираат, а треба да бидат соопштени денеска.
Сепак според информациите на Телевизија 24, освен конкретните точки кои може да се најдат на дневен ред на седницата можно е да се отворат и прашања за разрешувања на актуелните директори на државните фирми и институции и назначувањето нови.
Ќе треба да се утврди постапката, како и кога ќе се спроведе назначувањето на вториот и третиот ешалон од власта. Владата, дополнително треба да избере и генерален секретар, чие име засега не се открива, иако во игра се повеќе опции.







