Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » За Заев буџетот во одлична кондиција, ВМРОДПМНЕ со контра аргументи
Македонија

За Заев буџетот во одлична кондиција, ВМРОДПМНЕ со контра аргументи

август 31, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Лажни и апсолутно неточни се податоците со кои се обидувате да ги манипулирате граѓаните за финансиската состојба на државата, буџетот е во одлична кондиција, а солвентноста огромна“, им рече премиерот Зоран Заев на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во текот на денешното продолжение на расправата за избор на новите
министри и заменици-министри.

Оваа Влада, нагласи Заев, вложува во инфраструктура, гради патишта од преку 500 километри вредни над 500 милиони евра насекаде низ државата, гради железници и гасоводи, а не музеи и споменици како што правеше ВМРО-ДПМНЕ.

„За какви лажни надежи што им ги даваме на граѓаните зборувате, кога по само две години ја стабилзиравме економската состојба. Платите во јавната администрација растат, го подмиривме долгот што го направивте кон земјоделците, има средства за интервентни фондови… Како е сé тоа можно и од каде пари ако е лоша финансиската ситуација на државата или ако земјава не е финансиски стабилна? Состојбата не само што е добра, туку и ќе продолжи да се зајакнува“, подвлече премиерот.

Додаде и дека новата министерка за финансии со своите менаџерски способности допонително ќе придонесе да се искорсти овој, како што рече, многу битен период за нас и ќе помогне во максимизирањето на ефектите, пред се за граѓаните.

Во врска со владеењето на правото, напомена дека тоа е еден од најважните услови за привлекување странски инвестиции.

„Последните три години владеењето на правото е многу подобрено, но треба уште многу на тоа да се работи. Денес има транспарентни процеси за кои јавноста зборува, се отвораат постапки, новинарите ги следат во судница“, рече премиерот.

Расправата што почна вчера, и претпладнево продолжи со препукувања меѓу пратениците од власта и опозијата.

Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ им предочи на колегите од СДСМ и коалицијата дека го поминале мандатот и останале во матрицата „што направи ВМРО-ДПМНЕ“, наместо да се соочат со реалноста и да почнат да работат.

„Никако да сфатите дека сте на власт трета година и за секој неуспех ја обвинувате ВМРО-ДПМНЕ. Затоа ви порачувам да живеете во сегашноста и да се фатите за работа“, рече Пешевска, а во врска со новата министерка за финансии Ангеловска оцени дека е веројатно преамбициозна штом прифатила да биде на оваа функција во ова време.

Според пратеникот Самка Ибраимовски, буџетот работи како швајцарски часовник, сите давачки се исплаќаат на време.

ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Ибраимовски, дебатира со податоци прочитани од страницата на Министерството за финансии, што само покажува колку е власта транспарентна.

„Прочитавте се што има на страницата на Министерството за финансии, а тоа значи дека државата работи транспарентно. Срамно е да кажувате дека државата е заглавена, а буџетот никаков кога знаете дека ништо не може да се работи без пари. На говорница не се добиваат поени, народот не заборава какви криминали направи вашата партија. Од говорница не се добиваат поени. Уште најмалку осум години ќе седите во опозиција и ќе читате од веб страниците на министерствата, зашто се е транспарентно и тоа е всушност разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на СДСМ“,
истакна Ибраимовски.

актуелно буџет вмро-дпмне Заев
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.