Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » За побрза дигитализација неопходана соработка со приватниот сектор
Технологија

За побрза дигитализација неопходана соработка со приватниот сектор

октомври 31, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Земјава е длабоко зачекорена во процесот на дигитализација и на него се работи многу, но се уште има недостатоци. Со стручно согледување на состојбата и поголема интероперабилност, посебно меѓу министерствата и јавните институции, за кратко време може да се постигнат значајни резултати, беше речено на денешната 16. конференција на МАСИТ.

Учесниците порачаа дека податоците денес се еден од клучните ресурси, а наскоро ќе станат и најголемата вредност на компаниите.

– Најголемите технолошки компании во светот се токму оние што ги поседуваат податоците. Нашата држава е веќе масовно зачекорена во областа на дигитализацијата на јавниот сектор, но клучна е соработката со приватниот сектор, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Тој потсети дека е веќе објавен порталот за отворени податоци со поставени над 200 податочни сетови од преку 45 институции, во функција е и Националниот портал за електронски услуги, кој ќе биде пуштен во употреба следниот месец, а лансиран е и Централниот регистар на население.

– Ова значи дека граѓаните ќе можат на законски начин да го користат својот електронски идентитет за добивање услуги и од јавните институции, но и од приватниот сектор, потенцира министерот.

Тој најави и дека следниот период со поврзување на разните бази на податоци и нивната дигитализација, ќе се креира уште поголема база на податоци кои ќе ги користат и приватните компании за развој на нови бизниси, анализи и иновативни решенија, како и државата за да стане поефикасна во испорачувањето услуги и да се доближи до граѓаните.

Претседателката на Бордот на директори на МАСИТ, Анета Антова Пешева уште еднаш го нагласи значењето на ИКТ индустријата, посочувајќи дека за само два месеца, од јуни до август годинава, платите во овој сектор се зголемени за седум отсто.

– Според растот што го имаме треба да се обрне поголемо внимание на ИКТ индустријата која за два месеца ги зголеми платите за седум проценти без каква било интервенција и сега тие во просек изнесуваат 96.430 денари бруто или 63.800 нето.

Со зголемување на платите од 12.000 на 14.500 нема да ги задржиме младите во земјава, но можеме да почнеме да ги убедуваме да останат ако имаат добар стандард и добар третман, нагласи Антова Пешева.

Порача и дека ИКТ индустријата во земјава треба да се качи на повисоко ниво и да биде столб на стопанството, а не сервисна дејност како што засега се третира.

 

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно дигиталзиација приватен сектор соработка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.