Претседателот Ѓорге Иванов испратил покана до Зоран Заев на која го кани да присуствува на свеченостите по повод празникот Илинден.
Поканата не е испратена до Владата, туку до Кабинетот на градоначалникот на Струмица.
Поканата е објавена на официјалната страница на Општина Струмица.
„Претседателот Иванов уште не знае дека Заев е премиер, а не градоначалник на општина Струмица. Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, испрати покана до Зоран Заев, градоначалник на општина Струмица, со која го поканува да присуствува на свеченостите што ќе се организираат по повод Илинден.
Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска, го извести Иванов дека Зоран Заев од 2016 година не е градоначалник, туку по добиениот мандат од Иванов е премиер на Република Македонија“, пишува во објавата на „Фесјбук“.







