Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЗА СЕ Е ВИНОВЕН САЈБЕР НАПАДОТ: Маск имаше технички проблеми додека го интервјуираше Трамп
СВЕТ

ЗА СЕ Е ВИНОВЕН САЈБЕР НАПАДОТ: Маск имаше технички проблеми додека го интервјуираше Трамп

август 13, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Долгоочекуваното интервју на Илон Маск со поранешниот претседател Доналд Трамп на платформата за социјалните медиуми „X“ беше речиси „исфрлено од шините“ поради технички проблеми во првите минути од закажаното време за почеток, вчера вечерта.

Корисници кои се обидуваа да се регистрираат за настанот, кој требаше да почне во 20 часот, известија дека не можеле да се приклучат за пренос во живо на „X“.

Милијардерот, сопственик на „Тесла“ и извршен директор на „СпејсХ“ го обвини сајбер нападот за замрзнување на платформата.

Си-Ен-Би-Си не можеше веднаш независно да потврди дали се случил или не напад, но другите делови на X продолжија да работат за време на прекинот.

После речиси еден час, разговорот, конечно, почна и траеше повеќе од два часа. Во различни моменти дури 1,3 милиони луѓе го гледале интервјуто, според податоците што беа објавени на „Х“. 

„Овој ‘масивен напад’ илустрира дека постои големо противење на луѓето кои само сакаат да слушнат што има да каже претседателот Трамп“, рече Маск.

Како одговор на барањето на Си-Ен-Би-Си за коментар за одложувањето, портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг, укажа на постот на Маск на „Х“.

Меѓутоа, штом започна разговорот, се чини дека Чеунг им честиташе на Маск и Трамп што всушност самите го предизвикаа ‘падот’ затоа што привлекле толку многу луѓе на платформата.

„Го рушам Интернет!“, рече Маск, придружен со фотографија од Трамп како зборува на телефон.

Грешките од вчеравечер потсетуваа на техничката и технолошка катастрофа на „Х“ во 2023 година, која ја расипа најавата за започнување на претседателската кампања на републиканскиот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис.

Овој пат, настанот беше најавен како разговор меѓу двајца највлијателни луѓе во светот; нешто бучно и потенцијално создавање вести што може да помогне за заживување на кампањата на Трамп.

Три недели откако претседателот Џо Бајден се откажа од трката и ја најави и поддржа потпретседателката Камала Харис, за кандидат на демократите, го вознемирија Трамп и неговата претседателска кампања.

Советниците на Трамп го повикаа претседателот да усвои подисциплинирано, потрадиционално сценарио на кампањата на јавни настани: „Оставете го Бајден настрана, нападнете ја Харис за политиката и обидете се да останете на пораката.“

Но, Трамп ретко го избираше овој пат, а и вчера не беше исклучок, не беше ништо поинаку.

Првиот половина час од интервјуто републиканецот го мина опишувајќи го обидот за атентат што го преживеа во јули во Батлер, Пенсилванија, при што загина еден член од публиката на митингот.

Трамп раскажа и некои од класичните приказни што сака да ги кажува во јавноста: за неговите пријателства со автократи, како што се рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун; неговата загриженост за нуклеарната енергија и неговото ниско мислење за НАТО.

Тој, исто така, изнесе многу од истите неосновани и отфрлени тврдења за имиграцијата и криминалот кои вообичаено ги изнесува во кампањата.

Повеќето од темите му беа познато тло на Трамп. Но, водењето претседателска кампања против Харис (59), очигледно сè уште беше ново за Трамп, кој ги помина последните две години трчајќи против Бајден.

За време на неговите два часа со Маск, поранешниот претседател го спомна Бајден по име најмалку 24 пати, а Харис половина од тоа, само 11 пати, според неофицијален извештај на Си-Ен-Би-Си.

Кон крајот на интервјуто, Трамп почна да зборува за цртежот на Харис што се појавува на насловната страница на магазинот „Тајм“.

„Таа изгледа како најубавата актерка што некогаш живеела“, рече Трамп. „Впрочем, изгледаше како нашата голема прва дама, Меланија“, рече Трамп, мислејќи на неговата сопруга со која е речиси 20 години.

Но, откако забележа дека цртежот не личи многу на Харис, наместо да тргне понатаму, Трамп се врати на нејзиниот изглед…

„Се разбира, таа е убава жена“, рече Трамп. „Значи, ќе го оставиме тоа, зарем не?“

актуелно Доналд Трамп Илон Маск Интервју Камила Харис
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.