Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » За 25 проценти зголемени повредите на работа во 2019 година
Економија

За 25 проценти зголемени повредите на работа во 2019 година

април 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

За 25 проценти се зголемени повредите на работа во 2019 година во однос на претходната година.

Најмногу повреди на работа се регистрирани во индустријата и рударството, покажува анализата на Институтот за јавно здравје за состојбата на повредите на работа.

Според анализата каде се обработени податоци од пријавите за повреда на работа и индивудуланите извештаи кои Институтот за јавно здравје ги добива преку центрите за јавно здравје, минатата година се забележани вкупно 1.121 повреди на работа.

Во индустријата и рударството се забележани 309 повреди или 27,6 проценти од вкупниот број на регистрирани повреди во земјава.

Следуваат повредите на работното место на вработените кај приватните работодавачи и лица кои вршат самостојна професионална дејност со 179 повреди, а на трето место се вработените во здравството и социјалната заштита со 130 повреди на работа.

Повеќе има повредени работници од машки пол, односно 689 или 62 процента од сите повреди се регистрирани кај работниците, а 423 или 38 проценти кај работничките.

Имајќи предвид дека најголема концентрација на работна сила има во Скопје, најмногу повреди на работното место се регистрирани токму тука (746), по што следуваат Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Неготини и Свети Николе.

Според добиените податоци, во текот на минатата година не се регистрирани смртни случаи поради повреда на работа.

Денес се одбележува Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, но тој за првпат годинава е во знакот на пандемијата со коронависурот.

Оттука, од Сојузот на синдикати на Македонија бараат подобрување на условите за работа на сите работници ангажирани и изложени во овие исклучително тешки моменти, вложување во безбедност и здравје при работа и инвестиции во здравствениот сектор.

„Епидемијата на коронавирусот „ КОВИД-19“ ни покажа колку сме ранливи и колку опасна може да биде по животот и здравјето на работниците и луѓето, како и колку опасна може да биде за економијата. На Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа-28, април, акцент ставаме на здравствените работници, работниците во полицијата, армијата, комуналните работници, транспортот, трговијата, производството, градежништвото, во прехранбената, текстилната, хемиската индустрија и многу други кои секојдневно извршувајќи ги своите работни задачи се изложуваат на ризик од заразата или пак нејзино ширење, а со тоа ги доведуваат во опасност и ги изложуваат и своите семејства“, велат од ССМ.

Се залагаат за препознавање на КОВИД-19 како професионално заболување и обезбедување на обука за тоа како се лекува, вклучување на работниците и нивните претставници во процената на ризикот и преземање на соодветни мерки за спречување на вирусот, спречување на губење на приходите на работниците поради намаленото работно време, секојдневни тестови за сите работници кои не се чувствуваат добро и платено отсуство за работниците кои се привремено без работа или во карантин поради вирусот.

ССМ апелира и на создавање услови за физичко растојание на работното место и редовна дезинфекција на работните простории.

актуелно повреди Работа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.