За две години се регистрирани 12 напади врз новинари а во периодот од 2013 до 2017, според МВР имало 49 напади врз новинарите. За само 7 случаи е покренета кривична пријава.
За други 6 случаи напаѓачите биле кривично гонети од друга странка, рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес конференција посветена на нападите врз новинарите. 15 случаи се уште не се расветлени поради криење на факти од вработени во МВР.
Поради ова, Спасовски рече дека нема доверба во некои припадници на МВР кои биле вработени во времето кога МВР беше под палка на ВМРО-ДПМНЕ.
Дури, според него, ниту санкционирањето на тие лица за криење факти не е можно благодарение на постојниот закон за внатрешни работи.







