Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Зголемен бројот на ноќевања на посетители од Северна Македонија во Солун
Македонија

Зголемен бројот на ноќевања на посетители од Северна Македонија во Солун

јули 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

За 3,01% се зголемил бројот на ноќевања во Солун на посетителите од Република Северна Македонија во првата половина од годинава во споредба со лани, според податоците од Сојузот на хотелиери од Солун.

Нашата земја се наоѓа меѓу првите 20 држави со најголем број ноќевања, во 2019 од 16-та падна на 17-та позиција, но сепак бројот е зголемен, од 8.404 ноќевања лани на 8.657 оваа година во првите шест месеци, јави дописничката на / од Атина.

Туристите од Република Северна Македонија претставуваат 0,79% од вкупниот број ноќевања во Солун, а земјава се најде и на 22-то место на листата со 25 држави со најголемо зголемување во споредба со лани.

Во однос на вкупниот број, во првите шест месеци од годинава, се регистрира намалување за 16.486, од 1.115 581 лани за истиот период, сега бројот на ноќевања изнесува 1.099 095.

На првото место на листата посетители од странство, втора година по ред е Израел со зголемување на ноќевањата за 7,88 отсто. Потоа следат Кипар, Германија и САД.

Од земјите од регионот, Бугарија е со најголем број ноќевања и е на шестата позиција, Србија и Црна гора кои се вклучени во иста графа се на 11-то место, а Албанија на 13-то.

Од Сојузот на хотелиери од Солун коментираат дека забележително е значителното зголемување на бројот на ноќевања од државјани на Авганистан и останатите азиски земји.

-Станува збор за бегалци и мигранти сместени во хотели во Солун што учествуваа во програмите на Меѓународната организација за миграции. Нивниот комплетен број е 24 373 ноќевања што влијае на сликата за ноќевањата во Солун, соопштуваат од Сојузот.

Резултатите покажале дека има за 4,54 отсто намалување во однос на домашните посетители, нешто што според сојузот се должи на европските и локалните избори во мај и јуни.

Податоците од истражувањето спроведено на месечна основа од компанијата за туристички истражувања „GBR Consulting“ за Сојузот на хотелиери од Солун покажуваат дека во првата половина од 2019 година има зголемување за 2,6 отсто на просечната цена за соба и зголемување од 1,8 отсто за приходите од што изнесуваат 50,33 евра.

-Сепак, во споредба со други десет европски градови со иста големина (Антверпен, Бирмингем, Келн, Диселдорф, Единбург, Глазгов, Будимпешта, Хамбург, Манчестер, Салцбург), Солун и понатаму е на последната позиција во однос на исполнетоста, во однос на просечната цена по соба, но и за приходите по слободна соба, соопштуваат од Сојузот на хотелиери од Солун.

актуелно коќевања северна македонија солун
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.