Бројот на работниците во индустријата во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, според податоците на Државниот завод за статистика, се зголемил за 2,6 отсто. Тој број во секторот рударство и вадење камен бележи пораст од 0,3 отсто, а во преработувачката индустрија пораст од 3 отсто. Опаѓање на бројот на работници, од 0,3 отсто, има само во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, бележи пораст кај енергијата за 0,9 отсто, интермедијарните производи за 8,1 отсто, капиталните производи за 11,8 отсто и трајните производи за широка потрошувачка за 2,7 отсто, додека опаѓање бележи кај нетрајните производи за широка потрошувачка за 2,1 отсто.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2017 година, во однос на периодот јануари – јули 2016 година се зголемил за 1,1 отсто.