„Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен“, информираат од АМСМ.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од
државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.







