Здравствен дом Скопје информира дека
од септември повторно се воведува трета смена за магнетна резонанца
во поликлиниката Чаир и веќе може да се закаже преку електронскиот
систем МојТермин.
Сите други служби на здравствен дом функционират редовно.
Продолжува редовната работа на кабинетите за дигитална мамографија
во поликлиниките Букурешт и Чаир, како и работата на Итната
медицинска помош, прераспределбата на специјалисти интернисти во
останатите градови во земјава како дополнување и помош на
инфективните одделенија во Клиничка болница Штип и во болницата во
Куманово, соопшти Министерството за здравство.
„Во изминатиот период во континуитет се одвиваа прегледите во
скопските поликлиники, а постојано работеа и дополнителните дежурни
служби. Сега главната новина се однесува на повторното воведување трета смена за магнетна резонанца во поликлиниката Чаир“, се вели во
соопштението.
„Апаратот за магнетна резонанца и апаратот за мамографија се нови
современи дигитални апарати со кои се прават навистина квалитетни
прегледи“, нагласува директорот, д-р Виктор Исјановски и дополнува
дека на месечно ниво, магнетна резонанца прават околу 250 пациенти.
Побарувањата за ваквите прегледи се големи, а не станува збор само за
пациенти од Скопје, туку и за, околу 30 проценти, пациенти од
останатите градови во државата.
Затоа, како што истакнува Исјановски
уште лани е донесена одлука за воведување трета смена, со цел да се
намали и чекањето за ваквите прегледи.
Од институцијата информираат дека новина е и воведувањето
дигитални апарати за снимање скелет графии, кои се пософистицирани
и со сосем мала доза на зрачење во поликлиниките во Чаир, Јане
Сандански и во Ѓорче Петров.






