Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека светот избегнал нуклеарна катастрофа, зашто струјата во украинската централа Запорожје со часови била прекината.
Причина за прекинот на струјата било руското гранатирање во областа, кое Москва го негираше.
Зеленски кажа дека нивното гранатирање предизвикало пожари во јамите за пепел во близина на електраната на јаглен и тоа ја исклучило струјата.
„Доколку персоналот на нуклеарната централа не реагираше по прекинот на енергија, сега ќе бевме принудени да надминеме последици од несреќата со радијацијата. Русија ја стави Европа на раб на катастрофа“, обвини Зеленски.







