Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на годишнината од почетокот на војната во Украина изјави дека ова ќе биде година на победа на неговата земја.
Зеленски на Телеграм напиша дека на 24 февруари милиони Украинци направија избор и избраа отпор и борба.
„На 24 февруари милиони од нас направивме избор. Не бело знаме, туку сино-жолто. Не бегање, туку соочување. Соочување со непријателот. Отпор и борба“ напиша Зеленски.
Според неговите зборови, претходната година беше година на болка, тага, верба и единство.
„А, ова е година на нашата непобедливост. Ова ќе биде година на нашата победа!“, напиша претседателот на Украина.







