Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Земјава во портокалова фаза, де са избегнува директно изложување на сонце
Локално

Земјава во портокалова фаза, де са избегнува директно изложување на сонце

август 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сончево и топло, со слаб до умерен ветер од јужен правец, максимална температура до 38 степени и УВ индекс 9.

Вакво ќе биде времето денеска, а од утре, под влијание на многу топла воздушна маса, се очекуваат над 40 степени и активирање на т.н. портокалова фаза.

Според УХМР, само во петок ќе има извесно зголемување на облачноста.

Надлежните апелираат, поради најавените високи температури, да се почитуваат препораките за заштита, не само за неизложување на директно сончево зрачење, туку и за внимателно консумирање храна, правилно однесување при движење на отворено и во природа, како и правилен третман на домашните, фармски животни.

Граѓаните да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да носат заштитни очила и капа, да конзумираат лесна храна и течности, да внимаваат при подготовка и конзумирање на храната, да избегнуваат термички необработени производи како мајонез од домашни јајца, внимателно да консумираат сладолед и разни кремови, да внесуваат поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, да
избегнуваат алкохолни пијалаци, а пред влегување во возило, одреден период да го проветрат, истакнуваат надлежните.

Во топлите денови се препорачува граѓаните да останат во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор, да најдат можност за почести одмори под сенка.

Хронично болните лица редовно треба да ја земаат пропишаната терапија.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) посебно предупредува, дека топлото време е ризик од труење со храна.

Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат под млаз вода, месото, млекото и јајцата термички добро да се обработат.

По подготовката, изладена, храната да се чува во фрижидер.

На најгорните полици да се чува зготвената храна, а на подолните суровата.

Храната да се заштити од инсекти, глодари и од домашните миленичиња, како и другите животни кои може да дојдат во контакт со неа.

Ако, пак, се јаде во угостителските објекти, тоа да се оператори кои се грижат за хигиената и безбедноста на храната и да имаат добра репутација.

Во објектите за брза храна да се одбегнуваат додатоците кои не стојат во ладилник (мајонез, кечап, крем салати, сосови, преливи).

Доколку сметате дека храната не е безбедна, не ризикувајте, фрлете ја.

За да се спречи труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор при нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување.

Да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување, да се купува од проверени места каде има услови и каде производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди.

Да се избегнува да се купува и консумира храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна како што е месото, млекото јајцата и друго да не се чуваат долго време во автомобили и во други транспортни средства.

„Да се одбегнува купување на и разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или замрзнувач“, порачува АХВ.

Агенцијата воедно укажува дека високите температури се стрес за секое животно кој се манифестира со намалено консумирање храна, зголемена потреба од вода, намалено производство на млеко и слаб прираст.

Високиот процент влага и недоволната вентилација во објектите може да бидат причина за појава на топлотен удар кај животните, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сонце.

Исходот може да биде фатален и во двата случаја, ако не се делува на време.

Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на состојбата.

Забрзано и плитко дишење, несигурен од (тетеравење), изразена зголемена телесна
температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат на крај, со неповолна прогноза, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните за што е неопходна итна реакција.

„Во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно количество на свеж воздух, да му се даде доволна количина свежа вода. Телесната температура да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода, или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но, треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо. Сопствениците на домашни миленици животните да не се оставаат во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце, а треба да водат сметка и да избегнуваат нивни прошетки во текот на најтоплиот период од денот. На животните да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода и престој во проветрени простории“, препорачува АХВ.

На фармите, дополнуваат од Агенцијата, треба да се внимава на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите.

Животните треба да бидат заштитени од директните дејства на сончевите зрачења, односно на испустите потребно е да има натстрешници или природни ладовини.

Излегувањето на животните да се врши во раните утрински или вечерни часови, периоди кога треба да се организира и транспортот на животните или тие да се користат во работни активности, бидејќи тогаш температурите се пониски.

Дирекцијата за заштита и спасување, пак, аплеира да не се фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не се пали оган и скара на отворен простор и шума, да не се дозволува децата да си играат со запалки, пламен и жар, да не се пали отпад и друг горлив материјал, ниту стрништа и меѓи, а ако се забележи пожар веднаш да се извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.

Покрај основните препораки за однесување во вакви услови, ДЗС презема и мерки за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор.

Воедно апелира до општините, граѓаните и посетителите на земјава, да внимаваат кога се на отворено.

Дирекцијата потсетува дека од март е донесена забрана за движење во шума и шумско земјиште освен за вработените во ЈП национални шуми, а со цел зачувување на шумите, од 15 јули до 15 август на територијата на целата земја се спроведува Кампањата за заштита од пожари под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени – Природата е наша одговорност“.

актуелно портокалова фаза
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.