Израел вчера соопшти дека ја примил сириската молба за помош после земјотресот и дека е подготвен да им испрати, што би било ретка соработка меѓу непријателските соседи.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека наредил испраќање израелска помош во Турција, епицентарот на земјотресот, и „со оглед дека исто така било примено барање да се направи тоа за многубројните жртви од земјотресот во Сирија, јас го наредив истото“.
Сириските власти известија за стотици загинати во земјата разурната од граѓанската војна, како во областите контролирани од Дамаск, така и во северозападниот дел под контрола на опозицијата.
Запрашан кој ја упатил молбата во врска со Сирија, која ја наведе Нетанјаху, израелски официјален претставник изјави за Ројтерс: „Сиријците“.
На прашањето дали ова се однесува на членовите на опозицијата или на владата на претседателот Башар ал Асад, функционерот одговори само: „Сирија“.
Друг израелски функционер рече дека барањето и било пренесено на владата на Нетанјаху од „дипломатски извор“.
Израел и Сирија се во војна со децении, со периоди на прекин на огнот.
Извесен период, Израел им помагаше на сириските бунтовници на границата на Голанската висорамнина, а во 2018 година соработуваше со Јордан и САД во евакуацијата на сириските „Бели шлемови“ и нивните семејства кои бегаа од напредувањето на владините сили.
(Фото: Профимедиа)







