Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди утринава Грција, а бил почуствуван и во југозападниот дел на Бугарија.
Дежурниот метеоролог во бугарскиот Национален институт за геофизика, геодезија и географија Благовеста Бабакова изјавила за софиските медиуми дека потресот се почуствувал на подрачјето на Петрич и Кулата.
Земјотресот е регистриран во 6.05 часот на длабочина од 1,4 километри.







