Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Филипините.
Епицентарот на земјотресот е 110 километри југоисточно од градот Мати, а истиот бил на длабочина од 35 км.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.