Земјотрес со јачина од 4,1 по Рихтеровата скала ја потресе централна Бугарија, пренесе бугарската агенција БТА.
Епицентарот на земјотресот кој што се случил вчера околу 21 часот по локално време бил во околината на градот Клисура, одалечен околу 87 километри од Софија, на длабочина од 17 километри.
Засега нема податоци за причинета материјална штета.







