Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица

октомври 19, 2026

Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи

октомври 19, 2026

Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Зибери: ДУИ останува на условот „премиер Албанец“, но вратите за преговори не се затворени
Македонија

Зибери: ДУИ останува на условот „премиер Албанец“, но вратите за преговори не се затворени

јули 20, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети останува на ставот дека услов за „коалицирање на неговата партија е идејата за „премиер Албанец“, но дека сепак сите врати за преговори за формирање на идната влада не се затворени“, изјави Насер Зибери, кој пред изборите беше промовиран како кандидат на Демократската унија за интеграција за иден претседател на Владата.

„Според информациите со кои располагам, господинот Ахмети останува на идејата јас да бидам идниот мандатар и досега нема отстапување од таа идеја. Се разбира, не се затвораат сите врати. Впрочем, продуктот создавање парламентарно мнозинство е резултат на преговори и тие преговори ќе ги дадат идните резултати“, изјави Зибери во интервју за „Утрински брифинг“.

Според него, Ахмети смета дека државата треба да ги урне последните
етнички бариери и да нема резервирана позиција во државата за една или за другата заедница.

„Тоа ќе ги зајакне внатрешните капацитети и државата ќе докаже дека секоја функција е еднакво достапна за секој“, додаде Зибери.

Тој вели дека во ДУИ се на ставот оти би било добро да продолжи соработката со досегашниот коалициски партнер, но дека тоа не значи оти е исклучена можноста и за соработка со друг партнер.

„Моја политичка визија за иднината е градење хармонични меѓуетнички односи и на простор каде што секој ќе се чувствува рамноправен. Но, во исто време, и градење надворешна политика како НАТО и ЕУ. Овие се приоритети без кои не се може понатаму, а тоа подразбира дека навистина треба да се залагаме на внатрешен план да изградиме такви инструменти кои ќе обезбедат перспектива за сите граѓани, а на надворешен план некои клучни прашања кои ни гарантираат перспектива за градење европски вредности не можат да бидат доведени во прашање, а не дај Боже и да се поништат–како Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија и други елементи кои одат во функција на градење ваква политика со вакви определби. Овие прашања се темел за градење на иднината на земјата, тука нема простор за преговори. Секој субјект што може да се најде во овие определби е наш потенцијален соработник“, вели Зибери.

Околу можноста СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да си „дадат“ пратеници и во коалиција со другите албански партии, ДУИ да се остави во опозиција, Зибери вели дека за нив како партија не е најважно дали ќе бидат дел од идната владина коалиција, но додава дека никој нема право да
тргува со „главите“ на народните избраници.

Тој нагласува дека меѓу партиите на Албанците постои „џентлменски договор“ оти оној што ќе добие макар еден глас помалку, ќе се помири со фактот дека ги изгубил изборите и дека „нема да чека на ред кој мандатарот за покана за преговори за составување на идната влада“.

„На тој план политичките партии на Албанците имаат еден консензус. Дали ќе опстои, не можам да гарантирам, но секако се свесни за реперкусиите и политичката перспектива која може да им се случи доколку без легитимитет бидат носители на извршната власт, а ДУИ ја потиснат во опозиција. Можноста од преземање пратеници од лево кон десно или десно кон лево, мислам дека би било најлошата услуга што може да ѝ се случи на државата. Ние сме длабоко убедени дека волјата на граѓаните треба да се испочитува и немаат право ниту Заев, ниту Мицкоски, ниту Ахмети да бараат пратеник повеќе за да може да формираат влада. Треба да се почитува и начелото победник со победник“, додаде Зибери.

Според него, прв приоритет на новата влада треба да биде „соочување со тешките разорни ефекти од пандемијата на здравствен и економски план“.

„Сакаме да ги зајакнеме капацитетите на здравствен план. Тоа да не биде само морална и техничка поддршка, туку и финансиска, не само на градење на капацитети, туку и материјално на луѓето кои први се на штитот од пандемијата“, истакна Зибери, нагласувајќи дека минималната плата за медицинскиот кадар со средно образование не треба да не биде под 600 евра.

Тој потенцира дека мора да се врати довербата на граѓаните во правниот систем, за што, според него, прв приоритет треба да биде справување со криминалот и корупцијата.

„Тој процес ќе почне од правосудството, носителите на јавни функции од влада до пратеници и директори на јавни установи и тој процес сметам дека може да ја поправи сликата за носителите на јавни функции. Се има впечаток дека судството често пати своите одлуки ги носи од политички или етнички аспект. Мора судството како трета власт да функционира независно и граѓанинот да има доверба дека кога ќе чукне на вратата на судот, ќе се почитува словото на законот. Тука зборуваме и за воведување на еден посебен суд кој ќе ги преиспитува одлуките за кои засегнатите странки смета дека од политички или етнички побуди се мотивирани одлуките“, вели Зибери.

Според него, никој нема да биде поштеден од борбата против корупцијата и таа може да „загрози и функционери на ДУИ“.

„Мислам дека враќањето на довербата во владеењето на правото е услов за одење напред. Ние сме на прагот на отворање на преговорите (со ЕУ). Тоа се првите начела за отворање на преговорите. Владеењето на правото е приоритет без кој не може да се оди напред“, изјави Зибери.

 

актуелно дуи зибери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица

октомври 19, 2026

Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи

октомври 19, 2026

Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.