Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Иванов во официјална посета на Кралството Јордан
Македонија

Иванов во официјална посета на Кралството Јордан

ноември 18, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Аман беше примен со највисоки државни и воени почести од Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори Ибн Ал Хусеин, во рамки на неговата официјална посета на Јордан.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, стана збор за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Јордан, а беа разгледани можностите за нивно продлабочување во повеќе области од заеднички интерес.

„За нас е од огромно значење што вие ја признавте Република Македонија под нејзиното уставно име. Тоа многу значи за нас и за нашиот народ, особено за многу Македонци кои живеат во Јордан. Ние како две земји, иако сме на различни простори, и Македонија на Балканот и Јордан на Блискиот исток, се земји кои покажуваат модел на успешен соживот. Хашемитското Кралство Јордан претставува позитивен пример кој придонесува за стабиноста на Блискиот Исток.

„Затоа, со задоволство можам да истакнам дека соработката на нашите две држави на полето на разузнавањето, размената на информациите за заканите од Блискиот Исток кои доаѓаат во Европа се од огромно значење за нас. За разлика од другите држави кои ја толерираат различноста, во Јордан и во Македонија таа се почитува. Почитувањето на различноста е многу повозвишена филозофија од толеранцијата“, рече претседателот Иванов.

Јорданскиот крал Абдула Втори на средбата со претседателот Иванов нагласил дека ова е важна посета.

„Во мое име, во името на Владата и на народот на Јордан ви посакувам добредојде. Ова е важна посета за нас. Ова е можност за нас да ги надградиме разговорите што ги имавме во Обединетите Нации пред неколку месеци. Главната работа е што имаме силни врски преку нашите студенти што одат во вашата земја и се надевам дека со вашето присуство тука можеме да идентификуваме различни области што можат уште повеќе да не зближат. Политички, имаме многу добри односи, исто така на разузнавачко ниво, и на воено ниво имаме oдредена соработка. Почестени сме што ве имаме тука и би сакал да ви посакам топло добредојде на вас и на вашата делегација и посакувам успех, рече јорданскиот крал Абдула Втори.

Во рамки на посетата на Јордан, претседателот Иванов ќе оствари средби со премиерот на Кралството Јордан Омар Разар, со претседателот на Сенатот Фаисал Ел-Фајез, со спикерот на Претставничкиот дом Атеф Таравнех, како и со членовите на Претставничкиот дом.

За време на посетата на Јордан, македонскиот претседател ќе одржи предавање во Советот за светски прашања на тема: „Балканот, Кавказот и Блискиот Исток: Бермудскиот триаголник на Европа“ и ќе го посети Бирото за дизајн и развој на Кралот Абдула.

Македонскиот претседател во Јордан е придружуван од сопругата Маја Иванова, која оствари средба со Кралицата на Хашемитското Кралство Јордан Ранија Ал Абдула. Во рамки на Дамската програма, Иванова ќе ги посети Фондацијата „Jordan River“, невладина организација чиј фокус е безбедноста на децата и зајакнување на заедницата, како и Детскиот музеј „Јордан“, кои се основани од Кралицата Ранија.

актуелно иванов Јордан
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.